Средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски на која присуствуваат и работните групи за Законот за јавното обвинителство трае веќе три часа. Преговарачките тимови направија пауза по што продолжија со разговорите.
Во фокусот е Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и судбината на предметите на СЈО.
Вечерашната средба следи откако преговарачките тимови од двете партии во изминатиот период не изнајдоа заеднички прифатливи решенија