Мaж скокнал од покривот на светата џамија во Мека, најголемото муслиманско светилиште во светот, објави локалната полиција.

Странскиот државјанин скокнал од покривот на џамијата во Мека и починал на самото место, објави саудиската агенција, додека, пак, турскиот весник „Дејли сабах“ објавил снимка од трагичниот инцидент. Според извештаите, ниту еден од насобраните верници не бил повреден.

На снимката се гледа како човек паѓа во толпата луѓе неколку метри од светиот камен Ќаба. Иако неговиот идентитет се уште не е откриен, „Дејли тајмс“ вели дека станува збор за човек на возраст од 35 години, а „Дејли сабах”, пак, ги цитира локалните медиуми дека се работи за 26-годишен француски државјанин кој го прифатил исламот.

Самоубиството се смета за голем грев во оваа религија.