Најпознатата спортска новинарка Дилета Леота на Инстаграм објави дека се свршила со својот партнер Лорис Кариус.

Таа сподели фотографии од свршувачката и го покажа свршеничкиот прстен.

„Чекав неколку месеци да ви кажам бидејќи Лорис и јас сакавме да ги доживееме емоциите од раѓањето на Арија што е можно повеќе, но сега сме подготвени да се посветиме на нашата нова голема цел заедно, како семејство“, напишала таа.

„Ја знаете таа реплика: „Кога сте среќни, обрнете внимание на тоа“. На овие фотографии јас бев најсреќната жена на светот, покрај Лорис и покрај Арија“, додаде таа.


Во август минатата година новинарката објави дека родила ќерка. “Денес се преродив преку тебе. Добредојде Арија. Ти си најдобриот подарок што можевме да го побараме”, напишала тогаш новопечената мајка.

Леота ја потврди врската со Лорис со фотографии од новогодишната ноќ 2023 година. Двојката позираше гушнати пред златни и бели балони, а голманот ѝ подари на Дилета бакнеж во образот. Новинарката претходно беше во врска со турскиот актер Џан Јаман.