Хонгконгшкиот дневен весник „Епл Дејли“ е принуден да прекине со работа „по само неколку дена“ откако кинеските власти го замрзнаа имотот на оваа компанија согласно Законот за национална безбедност, изјави денеска советник на уапсениот сопственик на весникот, Џими Лаи.
Информацијата за укинувањето на весникот предизвика бурни реакции меѓу жителите на Хонгконг, кои изнесоа спротивставени ставови.
Кетлин Керол, претседател на Комитетот за заштита на новинарите, изјави дека Лаи е „борец за слобода“, кој, според неа, се бори за правото на својата организација да работи слободно, „дури и во момент кога Кина и нејзините приврзаници во Хонгконг ги користат сите средства да го укинат весникот“.
Популарниот таблоид е во сопственост на затворениот критичар на Пекинг и медиумски магнат Џими Лаи, кој комбинира прозападен дискурс со озборувања од познати личности и истраги од оние кои се на власт.
Лаи беше уапсен во август 2020 година, врз основа на новиот закон за национална безбедност, односно под сомнеж дека соработувал со странски сили.