Сопственикот на ресторанот „Панорама“ во Порто Палермо, кај албанското приморско градче Химара,кој тероризираше шпански туристи останува без угостителскиот објект откако Националниот инспекторат за заштита на територијата „се сети“ дека е дивоградба.
Претпладнево, со асистенција на полицијата, механзацијата почна со уривање на објектот, без прсиство на сопственикот Михаил Кокдима, кој е во притвор.
Ресторанот се протега на површина од 2.000 квадратни метри во една од најубавите зони на албанското крајбрежје. Освен што е дивоградба објектот, бесправно ја користел и плажата, изјавија од Националниот инспекторат за заштита на територијата.
Инцидентот се случи на 15 август кога петчлено семејство на шпанскиот милионер Еугенио Галдон, локалните возач и водич, кога според нив, физички биле нападнати во ресторанот, откако му се пожалиле на лошиот квалитет на храната. Фрлал и тврди предмети со кои ја напукнал шофершајната, па кога тие заминувале се фрлил врз хаубата на која, според видеото кое ексклузивно го пренесе „ТВ Рапорт“ се гледа и крв. Се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидува да се пресмета со нив преку искршената шофершајбна.
Според Кокдима пак, тие немале трпение да почекаат малку додека се подготви нарачката.
– Сакаа да си заминат. Не можеа малку да почекаат, а кој мене ќе ми го плати трошокот. Толку многу внимание му дадовте на овој настан како да станува збор за Бин Ладен, изјавил Кокдима пред судија.
Семејството Галдон со сопствена јахта пристигнало во Саранда, ангажирало возило, возач и водич да ги прошетаат по јужниот дел од албанското крајбрежје.
Уште истиот ден нив и посети и министерот за туризам Бленди Кљоси, а премиерот Еди Рама го осуди однесувањето на сопственикот, кого го нарече варварин, кој ја засрамил целата нација, бидејќи го прекршил „светиот код на албанското гостопримство“.