Хеликоптерот на сопственикот на Лестер, Вичаи Шриваданапраба (60), се урна на паркингот на стадионот „Кинг Пауер“ веднаш по натпреварот меѓу неговиот тим и Вест Хем.
Засега нема официјална потврда дали тајландскиот милијардер Шриваданапраба се наоѓал во леталото и уште колку лица патувале со него.
Од полицијата во Лестер само кусо соопштија дека службите работат на терен без да наведуваат информации за бројот на жртвите и повредените.
Според очевидец мали се шансите некој од патниците да преживеал затоа што леталото веднаш се запалило при падот.
Властите најавија дека денеска ќе соопштат детални информации за инцидентот и за бројот на преживеани и загинати.