Дрвен мост во паркот Горки во Москва се преполови и се урна за време на новогодишната ноќ, при што се повредени најмалку 13 лица.
Според руските медиуми, ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност.
– Мостот се урна врз делот за лизгање во паркот Горки додека на него имаше се уште луѓе, соопшти дежурната медицинска служба, додавајќи дека дрвениот мост е висок пет метри.