Со повици на светски државници на хармонија и погледи кон иднината, светот ја дочека 2019 година во која ќе постои се поголема загриженост за климата, а во Европа предизвикот за брегзит и кризата со „Жолтите елеци“ во Франција.

Претседателот на Франција Емануел Макрон во новогодишнито говор ги повика Французите да престанат да се „омаловажуваат и да се преправаат дека Франција е држава во која не постои солидарност и во која треба се повеќе да се троши“.

– Гневот (мислеше на Жолтите елеци) покажува дека не сме рамнодушни, рече Макрон. Тој најави дека за неколку  дена ќе испрати писмо до граѓаните во кое ќе изнесе насоки за голема „национална расправа“.

Во Мадрид само за 20.000 луѓе беше одобрено собирање на плоштадот Пуетра дел Сол каде на полноќ луѓето јадеа по едно зрно грозје за да по традиција, новата година им донесе среќа.
Во Париз немаше ниту еден инцидент, На Елисејските полиња околу 300.000 луѓе се собраа за да ја испратат старата и да ја дочекаат новата година. Во големиот број туристи и минувачи можеше да се забележат само десетици „Жолти елеци“.

Новогодишната ноќ ја одбележа и напад со нож во Манчестер на северозапад во Англија во која три лица се повредени. Напаѓачот е уапсен.
Британската премиерка Тереза Меј во новогодишното браќање го повика Парламентот да го поддржи нејзиниот договор за брегзит за да може државата да влезе во нова етапа и да се „сврти кон иднината“ по напуштањето на Европската унија.

Во Атина премиерот Алексис Ципрас вети дека „2019 година ќе биде препород на нашата држава“. Грција која речиси целата измината деценија се бореше со финансиската криза, во август објави дека официјлано е завршена програмата за излез од кризта.

Во токио 21-годишниот Јапонец, Казухиро Кусакабе повреди 9 луѓе меѓу кои еден потешко откако со својот автомобил влета во минувачи во пешачка зона. – Сакал да убива, изјави портпарол на полицијата.

Американскиот претседател Новата година на сограѓаните им ја честита преку видео порака на Твитер во која со сериозен глас рече: Додека работам во Белата куќа, вие одите на дочек, но не ви завидувам. Добро да си поминете, ќе имаме добра година. Многу добра година“.

Рускиот претседател Владимир Путин во порака преку ТВ ги повика граѓаните сите заедно да работат за „поправање на стандардот и квалитетот на животот за да може сите граѓани на Русија да ги почувствуваат позитивните промени во годината што почнува“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг вети дека ќе „оди во ритмот на реформите“ и „секогаш повторно“ ќе ја отвора Кина кон остатокот на светот.

Германскат аканцеларка Ангела Меркел порача дека во германски интерес е да се преземе поголема одговорност на меѓународно ниво во време кога мултилатерализмот редовно напаѓа. Таа нагласи дека некогашните цврсти начела на меѓународната соработка се пред предизвик и дека Германија мора „одлучно да продолжи понатаму и аргументирано да се бори за своите уверувања“. -Ниту една држава не може сама да решава светски проблеми како што се климатските промени, миграцијата и борбата со тероризмот,предупреди таа.

Наместо огномет, откажан поради жрвите од цунами, индонезискиот главен град Џакарта одлучи да организира венчавка за половина милион сиромашни парови во шатори.