Словачка денеска од Италија го презема претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Главни приоритети во 2019 година на Словачка за претседавањето со ОБСЕ, како што најави Братислава ќе биде Украина.

Како приоритети се наведени и превенција од конфликти, јакнење на меѓународните институции, како и сигурна иднина.

Конкртетните приоритети на Словачка за време на претседавањето со ОБСЕ на 10 јануари во Виена ќе ги претстави шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак, кој е искусен дипломат, а до септември минатата годиона беше и претседател на Генералното собрание на Обединети нации.

Тројката на ОБСЕ, покрај актуелниот претседавач е составена од поранешниот претседавач Италија, како и од идниот – Албанија.