Се венчале за време на пауза за ручек, а важеа за еден од најхармоничните актерски парови.
Пред 49 години, нивната венчавка била многу специфична.
Милена Дравиќ и Драган Николиќ важеа за една од најхармоничните двојки на српската јавна сцена. Тие се венчаа во 1971 година, а нивната врска беше една од најискрените и најубави љубовни приказни.
Актерската двојка пленеше со својот изглед, и нема потреба да зборуваме за нивните кариери. Тие беа еден од најпопуларните и најбараните српски актери. А дека нивниот живот беше „како во филм“, го покажува и фактот дека тие се венчале на пауза за време на снимање на филм. Нивна кума на свадбата беше легендарната актерка Сека Саблиќ.
View this post on Instagram
Dragan Nikolić i Milena Dravić legende ?? #dragannikolic #milenadravic #iloveyou #drama #pozoriste
Поради брзата венчавка, немале ниту една фотографија од неа, а останаа заедно до самиот крај.
– Среде снимање филм, побаравме од режисерот да ни дозволи да направиме пауза. Ја зедовме и нашата кума Сека Саблиќ и отидовме во општина Врачар да се венчаме. По венчавката се вративме на снимањето и продолживме да работиме. Интересно е што немаме фотографии од венчавката, никој не фотографираше од нас – изјави Милена Дравиќ за време на нејзиниот последен настап во една емисија.
Драган Николиќ почина во 2016 година по долгата и тешка борба со рак, а две години подоцна почина и Милена Дравиќ.