Бил Гејтс за време на неодамнешното интервју отворено изјави дека ставот на јавноста кон големите техно-компании мора да биде многу поостар, и смета дека тие „заслужуваат“ надзор сличен на оној за време на сослушување пред Конгрес.

Тој, исто така, оцени дека Стив Џобс беше „генијалец“.

„Ако сте толку успешни како што сум јас или кој било од овие луѓе, заслужувате тешки, груби и нечесни прашања“, изјави основачот на Мајкрософт, додавајќи:

„Владата заслужува да ви постави тешки прашања … Таков вид на „печење“ доаѓа со голем успех“.

За време на разговорот, Гејтс зборуваше и за вакцините и за почетоците на „Мајкрософт“, како и за животот на еден вид на „ѕвезда“ и рече дека идејата за техно-претприемачи кои се познати и популарни во модерната култура не е нешто на што се навикнал.

„Да се ​​биде бубалица и не толку склон кон социјализација, за наскоро потоа да бидете бомбардирани со прашања, е прилично изненадувачка промена“, рече искрено Гејтс.

Тој, исто така, се осврна на поранешниот ривал Стив Џобс и, иако смета дека е многу „поцврст“ од него, тој изјави дека се восхитувал на неговиот потфат и реформата на „Епл“ откако се вратил во компанијата.

“Џобс беше генијалец, особено ако земеме предвид сè што направи кога се врати во Епл … никој не можеше да го стори она што го стори тој. Јас сигурно не”, призна Гејтс.

“Тој навистина беше волшебник кога стануваше збор за мотивирање на луѓето, додека јас бев малиот волшебник кој не можеше да маѓепса, но кој го разбраше начинот на кој го правеше тоа. Искрено, јас бев неверојатно љуоморен”, призна поранешниот шеф на Мајкрософт.

Гејтс дури ги спомна и своите недостатоци, како што се недостаток на социјални вештини и (низ шега) недостаток на кулинарски знаења и недоволно познавање на странски јазици.