Кафулињата и рестораните во Македонија ќе можат да работат и до полноќ во работни денови, а до 1 часот по полноќ за време на викенд.
Тоа практично значи дека тие се враќаат на претходното редовно работно време пред да почне епидемијата со коронавирусот и полицискиот час.
Оваа одлука за продолжување на работата на угостителските објекти само што поминала на владина седница.
– Донесена одлука за продолживање на работното време на угостителските објекти до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викендот, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши.
Одлуката ќе стапи на сила кога ќе биде објавена во Службен весник, а најверојатно тоа ќе биде понеделник.
Како што е познато, угостителските објекти сега смеат да работат до 22 часот.
Интересно е тоа што пракитчно од полициски час одиме во ноќен живот и олабавување на мерките од Влдата во период кога секојдневно се бележат троцифрени бројки на новозаразени од коронавирус.