Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирус денеска одлучи да и препорача на Владата на Србија угостителските објекти и трговските центри низ целата земја за време на викендот да работат до 14 часот, јави дописникот на МИА од Белград.
Продавниците, медицинските ординации, ветеринарните ординации и лабораториите ќе работат како и до сега.
Фризерските салони можат да продолжат да работат како и обично, како и доставувањето на храна.
Бензинските пумпи ќе можат да работат до 14 часот, а од 14 часот ќе можат само да напојуваат гориво.
Нова седница на Кризниот штаб е закажана во понеделник, кога ќе се дискутира за почитување на мерките за време на викендот.
Како што беше претходно најавено, податоците за бројот на новозаболени лица во Србија не се охрабрувачки, бидејќи вчера беа регистрирани повеќе од 3.500 нови случаи.