има 177 килограми, од кои 76 ги качила само да го задоволи чудниот фетиш на нејзиниот свршеник Џеф. Него, сексуално го возбудува, кога ја храни.
Двајцата се запознале преку веб-страница посветена на луѓе кои имаат фетиш – храна, а по долги разговори Џеф од неговата родна Шведска дошол во Австралија кај неа и наврзо ја побарал за жена.
Роузи денес е двојно потешка од него, но тврди дека нивниот сексуален живот е фантастичен и дека таа е потполно здрава.
-Не се обидувам да дојдам до 300 килограми и да престанам да излегувам од креветот. Целта ми е да бидам плус „сајс“ (големин), а притоа да сум здрава и среќена. Дојдов до тежина во која се чувствувам добро и останав на неа“, изјави таа за време на гостувањето во утринско шоу.
Кога водителот го праша што му е најпривлечно кај Роузи, Џеф, кој шест пати неделно оти во теретана, вели:„Како што можете да видите, таа е прилично голема девојка. Не можам точно да го посочам со прст кон она што ме привлекува, но навистина ми одговара. Се сретнавме, се поврзавме на подлабоко емоционално ниво, не се работи само за физичка привлечност “.
Роузи мисли дека нејзините килограми ја прават попривлечна.
“Се чувствувам посигурна и секси, одам на плажа во бикини како и сите други, носам тесни алишта, се чувствувам добро во мојата кожа. Ако сум послаба, нема да имам толку голема самодоверба”, вели таа.