Уништувањето шуми во бразилски Амазон оваа година е најголемо во изминатите 10 години, покажуваат податоци од бразилската влада.
Тоа најмногу е предизвикано од илегалното сечење шуми и продирањето на земјоделие во џунглата.
Сателитски снимки преку кои се следи, покажуваат дека 7.900 километри квадратни шуми се уништени во Амазон, што е колку и половина од територијата на Јамајка.
Се работи за зголемување од 13,7 отсто на уништена површина во однос на истиот период минатата година. Уништувањето шуми е клучен фактор што стои зад глобалното затоплување и предизвикува годишно околу 15 отсто штетни емисии, колку и транспортниот сектор.