Русија сега е неоспорно поголема закана за безбедноста на Велика Британија и сојузниците од радикалните исламисти како ИД и Ал Каеда. Тоа го тврди шефот на Генералштабот на британскиите копнени сили генерал Марк Карлтон-Смит во интервју за Дејли телеграф.

Освен што се конвенционална воена закана, Русите постојано се стремат да го поткопаат Западот со развој на нови начини за водење војна во неконвенционални области како киберпространството и вселената, смета Карлтон-Смит.

– Русија денес е неоспорно поголема закана за нашата национална безбедност од заканите на исламски радикални групи како Ал Каеда и ИД, изјави генералот кој презеде функција од јуни. Според него, Британија и сојузниците не треба да бидат пасивни пред заканите што доаѓаат од Русија и да ги остават без одговор.