Климатските промени ја погодуваат животната средина и ќе предизвикаат уште повеќе катастрофи како неодамнешните пожари во Калифорнија, се нагласува во владин извештај на САД.

Пожарите во кои загинаа над 80 луѓе како и други природни катастрофи како ургани, ќе бидат се почести и поразорни во САД како резултат на климатските промени. Тоа се наведува во Четвртата национална анализа за климата што се подготвува на неколку години по барање на Конгресот.

Во извештајот се додава дека климатските промени ќе го погодат земјоделието, производството и употребата на енергија, земните и водни ресурси, транспортот и човековото здравје.

Извештајот го подготвија независни научници и членови во 13 федерални агенции. Во него пишува дека во последните неколку години биле регистрирани нови рекорди за опустошувањата низ САД кои чинеле речиси 400 милијарди долари од 2015 година досега.