По поразот од Швајцарија во Скопје селекторот на македонската фудбалска репрезентација на прес конференцијата изјави дека на натпреварот со Словенија ќе има промени во стартниот тим и посака успешен настап.

„Натпреварот со Швајцарија е добро анализиран и грешките мораме да ги поправиме со Словенија. Играчите се спремни, одморни и секако дека ќе го дадат максимумот на мечот со Швајцарија.

Играме против селекција која што е квалитетна, како и сите во оваа лига и настапуваше на последното Европско првенство. Секако дека ќе има освежување во нашиот тим, но кои играчи ќе добијат шанса ќе одлучам по вечерашниот тренинг и по дополнителните тренинзи. Ќе има освежување во повеќе линии, а сигурно во нападот.

По натпреварот со Швајцарија зборував со жешка глава, но сега ќе кажам дека во ростерот имам златни деца, златна генерација, составена од млади и искусни играчи.

Атмосферата во тимот е одлична, играчите и стручниот штаб ќе дадат се од себе и на терен ќе истрчаме со голем мотив за добар резултат. Јас сум одговорен за играчите, јас ги бирам, но и тие треба да бидат свесни дека треба да покажат поголем квалитет. Словенија не е за потценување иако не од калибарот на Швајцарија.