Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 28-та седница.
На дневен ред на седницата е усвојување на посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Република Македонија 2025 година, како и избор на заменик – претседател на Државната комисија.
Членовите на Комисијата ќе постапуваат по предмети и по пријави од укажувачи.
Фото: архива




