Судскиот совет денеска треба да ја одржи 534. седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои за престанокот на судиска функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност.
Дневниот ред опфаќа и расправа по Пресудата на Управниот суд У‑5 бр. 380/2025, за уставната судијка Елизабета Дуковска, како и по Известувања за утврдена фактичка состојба.
Оваа седница требаше да се одржи на 24 декември 2025 година, но поради немање кворум, беше одложена за денеска.




