Британската армија соопшти дека седум авганистански цивили загинале во големата турканица во близина на аеродромот во Кабул, поради хаосот што настана во градот откако жителите почнаа да бегаат од талибанците, кои ја презедоа контролирата врз владата.

Американските медиуми наведуваат дека околу аердромот е настаната општа турканица, а имало и повредени, особено кога талибанците пукале во воздух, со цел да ги избркаат луѓето што сакале да се качат на секој авион што го напушта Кабул.

Британското Министерство за одбрана во денешното соопштение наведува дека „условите на терен остануваат многу предизвикувачки, но дека Велика Британија останува посветена да стори сé што е можно за да ја подобри ситуацијата и се да биде безбедно, колку што тоа е можно“, јави „Скај њуз“.

Аеродромот од изминатата неделата е главната точка за бегство за илјадниците Авганистанци, кои бараат засолниште од талибанците надвор од земјата.