Стечајниот суд на САД донесе одлука да бидат исплатени 17 милиони долари отштета на оние кои доживеале сексуално насилство од страна на холивудскиот продуцент Харви Вајнстинн, а кои се согласиле на оваа спогодба.

По продажбата на имотот на неговата компанија „Вајнстин Ко“, која е во стечај од 2018 година, на жртвите кои се согласиле со тоа, а ги има повеќе од 50, ќе им биде исплатена оштета, а судот, во образложението на својата одлука наведува дека со тоа тие ќе добијат „минимално закрепнување, ако е воопшто можно“, пренесува Би-Би-Си.

Во образложението на одлуката се наведува дека 83 проценти од оштетените кои поднеле барање до судот „многу јасно рекле дека сакаат постапката да се заврши со прифаќање на таквото решение, со цел да се заврши што побрзо и да се добие одредена сатисфакција, иако е јасно дека тоа никогаш нема парите да им го дадат“.

Која било од жртвите, исто така, може да се повлече од оваа спогодба во кое било време, ако сака да бара правда на суд.

Фондот од 17 милиони долари ќе биде поделен на повеќе од 50 баратели, а оние кои имаа најсериозни обвинувања против Вајнстин, ќе добијат отштета од 500.000 долари или повеќе, според Би-Би-Си.

Вајнстин беше осуден на 23 години затвор во 2020 година за силување и сексуален напад на три жени, а првите обвиненија против него се појавија во 2017 година.