Екипата на Вардар вечерва оствари победа против Стеауа со 27-21 (15-11) во рамките на четвртото коло на СЕХА лигата.
Тимот на Роберто Парондо одигра колку што требаше за да победи во СЦ „Јане Сандански“, а во вториот дел тренерот им даде шанса на сите ракометари.
Најдобар во нашиот тим беше Кисељов со пет голови, а голманот Милосављев имаше 11 интервенции.
Кај тимот Стеауа, Вегар заврши со шест, додека Хумет се истакна со пет погодоци.
Вардар по овој меч остана на врвот на табелата и е единствен со четири победи од четири дуели.
Во следното коло „црвено-црните“ повторно играат на домашен терен, откако на 2 октомври во Скопје го пречекуваме српскиот шампион Војводина.