Со помен парастос на православните гробишта во Тетово и цвеќе пред спомен бистата во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово се одбележа 22-годишнината од загинувањето на полицаецот Цоки Стојановски.
Тој во воениот конфликт во 2001 година во заседа при напад од пушкомитралези и минофрлачи беше смртно застрелан на полицискиот пункт во Тетово. Негови роднини, пријатели, поранешни колеги и претставници од армијата му оддадоа почит.
– Пред 22 години кај поранешно радио Тетово со граната беше смртно погоден и за жал го изгуби животот нашиот колега Цоки Стојановски. Во таа чест денеска положивме букет цвеќе, како на гробиштата во Тетово, така и во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај каде Цоки работеше, изјави командирот на полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Зоранчо Талев.
Роднинините на Цоки Стојановски велат кога било најтешко не ја заборавил татковината. И со прострелна рана продолжил да војува, бранејќи го Тетово, се до кобниот кога на полицискиот пункт згаснал неговиот живот на 28 години, оставајќи зад себе сопруга е две деца.
Извор: Слободен печат