Секое утро, членовите на едно семејство во својот двор чувствувале смрдеа на урина. Ваквите утра им станале неподносливи, па ставииле скриена камера за да откријат што точно се случува, и имале што да видат на снимките уште првата вечер.
Јасмин и Мухамед Сакиб останале згрозени кога сфатиле дека непознат млад човек уринира врз нивната канта за ѓубре.
– Урината смрдеше штом ќе излезевме од вратата. Неколку пати морав темелно да чистам. Знаевме дека некој го прави тоа намерно, изјави загрижениот татко на три мали деца.
На видеото се гледа млад човек, кратко потшишан, кој приоѓа до кантата и уринира во неа.
Семејството ја предало снимката во полиција и се надеваат дека ќе го најдат серискиот уринатор и дека смрдеата ќе испари засекогаш од нивниот двор.