Една четвртина (околу 4,2 милиони) Холанѓани рекле дека оваа година нема да одат на одмор. Ова е малку повеќе отколку една година порано, објави јавниот сервис денес повикувајќи се на истражување на Национланиот инситут за буџет (Нибуд).
Институтот спроведува години истражувања за трошоците за одмор. Лани 42 проценти од тие што останале дома рекле дека одморите се прескапи, а годинава тој процент скокнал на 54.
„Се повеќе Холанѓани се решаваат наместо парите да ги дадат за одмор, да ги искористат за плаќање на долговоите, иако годишниот бонус се уште најкмногу се користи за годипшен одмор или се шптеди“, се наведува во истражувањето.
Годишно Холанѓани одат на одмор по 15 дена. Половината од тие што заминале некаде на одмор не трошат по повеќе од 1.500 евра, додека другата половина рекла дека 2.000 евра се најмногу што планираат да потрошат.
Хонорарните работници и тие што работат на повик најмалку одат на одмор, споредено со тие што имаат фиксна работа и плата. Луѓето, пак, што имаат постојана работа одат на одмор и по неколку пати во текот на годината и помалку се загрижени за тоа колку ќе потрошат.