Џин шин џицу е древен облик на јапонска уметност за исцелување која помага за балансирање на емоциите и тоа благодарение на стимулацијата на одредени точки на рацете.

Основата на ова учење се базира на следниот принцип: секој прст на раката е поврзан со одреден орган на кој му одговара и одредена емоција.

Ако треба да му делувате на некој орган, фатете го прстот со другата рака и стиснете го со целата дланка и притоа држете го така три до пет минути. За тоа време дишете длабоко.

Исто така, со ова може да постигнете и општа хармонизација на вашето тело, така што ќе го измасирате секој прст на раката. За вежба на целото тело вежбајте со секој прст поединечно, а не секој задржете се околу три минути.

Еве кои органи на телото се поврзани со прстите:

Палец

Органи: желудник и слезинка.
Емоции: анксиозност, депресија и загриженост.
Физички симптоми: болки во стомакот, проблеми со кожата, главоболка, невроза.

Показалец

Органи: бубрези и мочен меур.
Емоции: разочарување, страв и конфузија.
Физички симптоми: болки во мускулите, болки во грбот, забоболка, проблеми со системот за варење.

Среден прст

Органи: црн дроб и жолчна кеса.
Емоции: неодлучност, бес, раздразливост.
Физички симптоми: проблеми со циркулацијата на крвта, менструални болки, проблеми со видот, замор, фронтална главоболка, мигрена.

Домалиот прст

Органи: бели дробови и дебело црево.
Емоции: негативност, тага, страв од отфрлање, жалост.
Физички симптоми: зуење во ушите, респираторни проблеми, астма, кожни болести, проблеми со варењето.

Мал прст

Органи: срце и тенко црево.
Емоции: грижа, ансксиозност, нервоза, отсуство на самопочитување.
Физички симптоми: болести на срцето, болки во грлото, надувување на стомакот, проблеми со коските.