Осумгодишниот Брејден Атен по еден натпревар во борење почнал да се чувствува лошо. Тој завршил во детската болница во градот Милвоки каде лекарите откриле дека опасен вирус го напаѓа неговиот црн дроб.

Било јасно дека момчето нема многу време, и итно му била потребна трансплантација на орган за да се одбрани од вирусот. Не било лесно да се најде донатор, неговите родители сè повеќе се плашеле дека нивниот син нема да се извлече.

Веста се проширила во блиската болница каде работи медицинската сестра Ками Лориц, жена која ја воодушеви американската јавност соа нејзиното добро дело. „Тој ќе умреше, тоа не е фер кога станува збор за осумгодишно дете“, вели таа.

Кога слушнала за Брејден и неговиот проблем, Ками решила да донира дел од нејзиниот црн дроб на едно момче на кое му треба итна помош.

Операцијата успеа и момчето се опорави. Тој дури ќе може повторно да се врати на своите тренинзи, сето тоа благодарение на медицинската сестра на која и се заблагодари со голема прегратка.