Речиси една третина од Американците сметаат дека граѓанска војна може да  избие во САД во наредните пет години како резултат на противење на политиките на претседателкот Доналд Трамп, додека секој десетти смета оти таа речиси сигурно ќе се случи.

Според истражувањето на Расмусен, по партиска припадност демократите (37 проценти) повеќе веруваат во тоа, отколку републиканците (32 проценти).

Меѓутоа, истражувањето покажува дека 44 проценти од Афро Американците сметаат дека граѓанска војна ќе има во наредните пет години, споредно со 28 проценти од белите Американци и 36 од малцинските гласачи. Жените на возраст под 40 години се група која е најзагрижена од избивање граѓанска војна споредено со мажите и постарите гласачи.

Како резултат на ова истражува оди во прилог настанот од неделата во Портланд, Орегон, каде две спротиставени групи – Патриотска молитва и Антифа (антифашисти) се судрија иако покрај нив имаше бројни полициски сили. Протестите за кусо време прераснале во безредија. За среќа немало бројно учество од страна на двете групи, но сликите кои го обиколија светот се застрашувачки, а такви ги има се повеќе и речиси секојдневно.

Повеќе од 100 члена на Патриотска молитва се собраа на Тери Шранк Плаза на „собир за слобода“ додека 100 лица од Антифа се собрале на друго место на контрапротести. Откако двете групи почнале да се тепаат, полицијата ја повлекла доволата за собирот на Патриотска молитва.

Антифа, која е активна и во Европа, преку Фејсбук собра поддржувачи под мотото „Насилството на Патриотска молитва мора да запре“. Тие патриотите ги сметаат за нацисти и обично демонстрираат со покриени лица и се многу агресивни. Патриотите се облечени во црно и потсетуваат на сите ултрадесничарски групи во Европа.