Дали сте вие една од шесте жени што го изневеруваат сопругот или партнерот. Бројот на неверните жени постојано расте. Повеќе од 40 проценти од жените во последниве 20 години биле со друг, покажа истражувањето на американските стручњаци.
Истражувањето го донесе податокот дека една од шест жени го изневерува партнерот, а порано имало една прељубница на 10 жени.
Со тоа речиси му се приближија на процентот мажи што ги изневеруваат партнерките, а кој останал ист, односно секој шести мажи е неверен, пишува порталот „Магазин“.
Студијата покажува дека мажите и натаму почесто изневеруваат од жените, но таа разлика сега е многу мала.
Социологот Пепер Шварц од Универзитетот „Вашингтон“ појаснува дека причините за зголемување на неверствата кај жените може треба да се побараат во финансиската независност од мажите и социјалните мрежи, кои на жените им даваат поголема слобода кога се работи за пристапот кон мажите.
Адвокатите забележале разлика кога се работи за причините за развод на браковите и укажуваат дека во последните 10 години дошло до зголемување на бракоразводните парници предизвикани од неверство на жената.