Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, предупреди дека Русија има оружје да го уништи секој непријател, вклучително и Соединетите Американски Држави, доколку почувствува дека нејзиниот опстанок е загрозен.

– Американските политичари, заробени од сопствената пропаганда, сè уште се убедени дека, во случај на директен конфликт со Русија, САД се способни да извршат превентивен ракетен напад, по што Русија повеќе нема да може да одговори. Ова е кратковидна глупост и е многу опасно, изјави Патрушев за државниот весник Росискаја газета.

Петрушев натаму додава:

– Русија е трпелива и не заплашува никого со својата воена предност. Но, таа има модерно уникатно оружје способно да уништи секој противник, вклучително и САД, додаде тој.