Државите што ги решавале внатрешните проблеми на цивилизиран начин и преку дијалог уште опстојуваат, а државите што не сакале да ги решат, биле принудени да одат низ тешки драми и пак да седнат преку дијалог да ги решаваат проблемите што ги имале, а има и такви што не постојат повеќе, вели пратеникот од Европскиот фронт Зијадин Села за неделникот Фокус.
– Ако не ја почитуваш волјата на една третина од вкупното население, си дал најголем придонес за тоа што денес секој ден слушаме изјави и по прес-конференции за сценарија за дестабилизација. Затоа, јас ја поставив тезата дека не може да се смета како малцинство население, кое во случајов е албанско, кое е над 30 отсто. И на тој начин, ако сметаат дека треба да бидеме малцинство, тогаш да го отвориме поглавјето на малцинствата. Малцинствата заслужуваат да имаат гарантирани места. Ако зборуваме за гарантирани места, за Албанците треба да имаш гарантирани места од 30 отсто од вкупниот број пратеници. И плус да конкурираат во заедничката листа и Албанците ќе имаат 50 пратеници, вели Села во интервјуто за Фокус.
Фото: Архива