Албанскиот треба да биде официјален јазик и да се нарекува албански, а не јазик на „20 проценти“, изјави лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, во емисијата „Клан Дебата“ на ТВ Клан Македонија..
Телевизијата на својот интернет-портал го цитира Села:
– Албанскиот јазик не може да се означува со проценти, со плус или минус. Тој е рамноправен со македонскиот јазик. Законот за јазикот беше донесен, оти тоа беше нашиот услов кога ние бевме во Владата. А да не бевме со тој услов, ќе останевме со законот на Али Ахмети, го објави ТВ Клан Македонија цитатот од Села.