Измамничка и нелегитимна влада. Ова е ракцијата на Алијасата за Албанците и Алтернатива по објавата на лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети за договорот за новата влада.

-Измамничка е затоа што и двете страни сериозно ги измамиле граѓаните и второ, е нелегитимна, затоа што партнер на оваа влада станува партија кој насилно и манипулативно ја ограби политичката волја на Албанците. Прво, ДУИ измами и го прекрши единственото предизборно ветување за премиер Албанец и второ, го измами СДСМ, кој пред изборите рече дека „во никој случај нема да се формира коалиција со ДУИ “. Затоа, за нашата коалиција, оваа влада не заслужува никаков политички респект и како таква, ќе се соочи со 12 пратеници и народ кој нема да дозволи измама и узурпација на политичката волја, велат од Алијансата и Алтернатива.

Според нив, после оваа мега-измама, заклучокот е дека во Македонија се занимаваме со политичка каста, која утре ќе биде владата, која ќе владее без принципи и водени само од тесни деловни, клански и семејни интереси.

Коалицијата најавува дека ќе биде бранител и непоколеблив војник против оваа, според нив, нелегитимна и измамничка влада.

-Од утре сме во офанзива за со сите демократски средства да ја вратиме демократијата, да се престане со манипулацијата на политичката волја и да се престане со измамата што виси како навика на главата на една земја која се стреми кон Европската унија, велат од Алијанса и Алтернатива.