Зоран Заев денеска престојуваше во Гостивар во рамките на трибините со граѓаните насловени „На прав пат“, пренесува Ал сат ТВ.
Но, пред пристигнувањето во овој град Алијанса за Албанците организираше протест на еден кружен тек со плакати против оваа посета, обвинувајќи го Заев за спречување на работата на локалната власт и нејзиниот градоначалник, Арбен Таравари. Малку подоцна поставените плакати се отстранети од органите на редот.
Инаку на трибината организирана со активисти на СДСМ, Зоран Заев говореше за состојбата во земјата и мерките кои ги преземала Владата за економскиот развој на земјава, истакнува телевизијата..