Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, смета дека неговата партија е вистинската опозициска партија чиј претставник требаше да присуствува на лидерските средби и да има свој член во ДИК, а не крилото на Беса на Билал Касами.
Села рече дека го поддржува Договорот со Грција, но и дека Алијансата за Албанците при отворањето на Уставот ќе има свои амандмани со кои ќе бара подобрување на договорот. Во делот на државјанството, Села вели дека ќе бараат за Македонците да си остане Македонско/ државјанин на Република Северна Македонија, но за Албанците да стои Албанец/ државјанин на Република Северна Македонија.
– Преку процесот на отворање на уставните измени ќе направиме сите народи да се чувствуваат еднакви. Во Македонија има народи што заслужуваат да бидат рамноправни во преамбулата, без некој да се чувствува како носител на државјанството, сите се носители на државјанстото. Алијансата за Албанците преку свои амандмани ќе интервенира во делот на Уставот што се однесува на службените јазици – рече Села.