Почитуван Господине Деспотовски, можеби сопругата ви вели да бидете горди што сте му поделиле пари на вашиот претпоставен Кочо Анѓушев или на Хари Локвенец, но јас ви велам засрамете се, повлечете се, и престанете да ги ограбувате граѓаните. Вратете ги 10-те милиони евра што ги расфрлате пари на граѓаните. Граѓаните се загрижени дека можеби сте ја послушале не само вашата сопруга, туку и свекрвата, Цветанка Ласкова да и префрлите неколку стотици илјади евра на нејзината снашка, односно сопруга на нејзиниот син, му порача Димче Арсовски на директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски,  на денешната пресконференција на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски потенцираше дека скандалот „Криминални иновации” добива се поголеми размери и дека криминалот и корупцијата цветаат во моментот кога се менува името и се обидуваат да протнат штетен договор со нашиот сосед.

-Криминалот и корупцијата цветаат исто како што цвета бизнисот на фамилијата на Цветанка Ласкова. Замислете, Фондот за злоупотреби на народни пари доделил 330 илјади евра пари на граѓаните на член од семејството на Цветанка Ласкова, која што е имено советничката на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. Имено според изборот на Фондот над 330 илјади евра и биле доделени на фирмата „Декодикс“, каде косопственик е снаата за син на Цветанка Ласкова, Христина Керкез. Иновативниот проект на Керкез е под наслов „Декодирај ме“. Да биде скандалот уште поголем, снашката на советничката на премиерот Заев ја основала фирмата само 45 дена пред да си добие грант 330.000 евра. Добар подарок од свекрвата за новата фирма. Пример за тоа какви треба да бидат односите снаа-свекрва мислам дека треба јавно сите треба да им честитаме. Барем да беше од нејзин џеб, а не од џебот на граѓаните на Република Македонија, рече Арсовски.

330 илјади евра народни пари ќе завршат во семејството на Ласкова, заедно во истиот бран со кој беа доделени милиони на фирмите на вицепремиерот Анѓушев и пратеникот Хари Локвенец и многу други од СДСМ. СДСМ ветуваа по 10.000 евра грантови за млади амбициозни луѓе пред да дојдат на власт, а сега парите ги земаат директно функционерите на СДСМ. Очигледно е дека повторно се изманипулирани и ограбени граѓаните, потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.