Актуелната власт, предводена од СДСМ, со години наназад ја користеше смртта на трагично загинатиот Мартин Нешкоски за политички цели. Изгубениот млад живот на Мартин, исто како и трагедијата на малата Тамара, со години ги користеа за протести против режимот и бараа казни за сторителите.

Ги бараа виновниците, бараа правда и… Денеска истата таа политичка структура го ослободи од издржување затвор убиецот на Мартин Нешковски.

Тогаш беше: „Нема правда, нема мир“. А сега? Имаат ли мир во душата тие што протестираа за ваква правда?

На видеото што го објавуваме е еден од протетсите, пред Владата во Скопје, што беше предизвикан од тогашниот „борец за правда“ и лидер на СДСМ, сега премиерот, Зоран Заев. Повеќе илјади граѓани протестираа откако Заев објави „бомба“, која како што рече, докажува дека власта се обидувала да го сокрие убиството на младиот Мартин Нешкоски.