Некој што е посилен од Зоран Заев и од Сашо Мијалков наредил појавување на поранешниот директор на УБК во Јавното oбвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, изјави лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.
Тој, во синоќешната емисијата „Клик плус“ на ТВ21, рече дека чинот е скандалозен, а Мијалков контроверзна личност.
– Мијалков е човекот кој даде оставка веднаш по настаните во „Диво Насеље“. Ова е театар во режија на полицијата, рече Села.
За него нема дилема оти Мијалков побегнал и, како што нагласи, „повеќе од очигледно е дека се вратил согласно некаков договор“.
– Мијалков го следат многу скандали и тој сè уште е на слобода. Него никаде не го споменуваат ниту за 27 април. Тој човек е со повеќе кривични дела. И ние денес зборуваме за куќен притвор? За човек кој очигледно е дека избега и после веројатно некаков договор се врати, изјави Села.