Зијадин Села нема да поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците, барем не до одржувањето на Конгресот на партијата. За време на Централното собрание на партијата, Села рече дека како лидер има одговорност пред структурите и дека не може да ја остави партијата без претседател во ваков период на политички настани. Околу тоа дали повторно ќе се кандидира за прв човек на Алијанса, рече дека за тоа ќе одлучат партиските структури.
-Поднесувањето оставка во оваа ситуација би ја оставело партијата без претседател. Има политички случувања и јас во никој случај не би ја играл играта на оние кои не ѝ посакуваат добро на Алијанса за Албанците, а тоа се политичките опоненти. Јас сум должен да го „проголтам“ овој дел од одговорноста и да продолжам да бидат претседател на партијата сѐ до наредниот конгрес-вели Села.