Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски реагира на пишувањата на одредени портали дека вчера се случила тепачка во просториите на општина Бутел. Тој појаснува дека физички инцидент имало во подрачната единица за имотно правни односи, која е под Министерството за финансии, кое користи просторија под закуп во зградата на Општина Бутел.

Ја објавуваме интегрално објавата на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски:

Почнаа конструкциите и лагите!

Почитувани граѓани на Општина Бутел,

Вечерва одредени портали веројатно по нечија насока пишуваат дека во текот на вчерашниот ден во просториите на Општина Бутел имало некако инцидент со физичка пресметка.

Точно е дека имало инцидент и дека постапила и полицијата, но инцидентот се случил во подрачната едицина за имотно правни односи која спаѓа под Министерството за финансии. Оваа подрачна единица на Министерството за финансии користи простории под закуп во зградата на Општина Бутел. Овие простории имаат и пособен влез.

Како градоначалник на Општина Бутел барам оние портали кои ја објавиле оваа лажна вест, веднаш да ја истакнат вистина која говори дека немало никаков инцидент поврзан со администрацијата на Општина Бутел.

Лаги, конструкции и измами нема да не спречат по патот кој го одбравме и уште на самиот старт силно тргнавме, дека чесно, искрено и со многу труд од Општина Бутел ќе направиме многу поубаво место за живеење.