Зиадин Села и кандидатите за пратеници од коалицијата „Сега е време“ во повеќе населени места на Општина Желино, ја претставуваат својата изборна програма и слушаат за проблемите со кои се соочуваат граѓаните од оваа област.

Во својот говор пред жителите на Требош, Зиадин Села, меѓу другото, ја спомна и состојбата во која се наоѓаат повеќето албански администратори. Дискриминацијата врз вработените Албанци во државната администрација, нагласи тој, ќе заврши со победа на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

– Сакам да упатам апел до сите албански администратори. Никој нема право да уценува, заканува и да изврши притисок, да ги прашате да гласаат или да учествуваат на партиски митинзи и активности. Нема да има потреба да се поклониме на некого да ја задржиме работата. Ние ќе го чуваме достоинството на секој од вас. На 15 јули ќе заврши дискриминацијата и понижувањето на администраторите. Ние нема да отпуштиме никого, напротив, ќе напредуваат и ќе им го дадаме заслуженото место во државната администрација, рече ,еѓу другото Села, носител на изборната листа на коалицијата „ Сега е време“ во шестата Изборна единица.

На средбите со граѓаните на Општина Желино, кандидатот за пратеник Аднан Незири ја презентираше понудата на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и побара поддршка од жителите од оваа област.

Незири ја елаборираше програмата на, како што рече, победничката коалиција „Сега е време“ и ги замоли жителите на Дебрце, Требош, Желино, Палатица и Стримница да и дадат на оваа коалиција шанса да управуваат чесно со државните институции.

– Ние нудиме промена, додека промената значи надеж да одиме напред. Дајте ни ја можноста да ве претставуваме, а потоа побарајте од нас да дадеме одговорност. После една година на локалните избори ќе одговараме пред вас. Доколку не ги реализираме нашите ветувања можете да нè осудите и да ни го одземете правото да ве застапуваме. Дајте ни шанса со глас на 15 јули и верувајте дека нема да ве разочараме, рече меѓу другото кандидатот Аднан Незири од Коалицијата АА-ААА.

Кандидатот за пратеник од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Хисни Исмаили, заедно со другите кандидати на шестата изборна единица, денеска остварија состаноци во селата на Општина Желино. Исмаили пред жителите од оваа област побара поддршка, за, процесите да се придвижат напред само со моќта на гласањето на граѓаните на 15 јули.

– Сега е време да им дадеме надеж на Албанците. Бараме поддршка за да се носи напред процесот. Ние не сонуваме, туку работиме. Не ветуваме, туку даваме резултати. Во Министерството за култура докажавме дека знаеме како да работиме чесно, истакна Исмаили.

Исмаили ги потсети граѓаните на Дебрце, Требоши, Палатица, Желино и Стримница, 18-годишните ветувања на партијата која со години наназад ги имаше сите овластувања и ги нема реализирано до ден-денес.