Ханс Дитер Флик, селекторот на германската репрезентација, може да ја напушти функцијата во блиска иднина.
Германските медиуми пишуваат дека 57-годишниот Германец бил изненаден од заминувањето на неговиот пријател Оливер Бироф како менаџер на националниот тим по елиминацијата на репрезентацијата од Светското првенство во 2022 година на крајот од групната фаза. По ваквиот развој во репрезентацијата и Флик размислува за заминување.
Договорот на фудбалскиот стручњак со „панцирите“ е до летото 2024 година, но Флик може да го раскине договорот. Неговото место можеби ќе го заземе Томас Тухел.
На Светското првенство во Катар, Германците не ја поминаа групата. Загубија од Јапонија (1:2), ремизираа со Шпанија (1:1) и ја победија Костарика (4:2). Тимот на Флик го освои третото место и не се пласираше во осминафиналето.