Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација, Александар Андов го објави списокот со повикани фудбалерки за претстојните мечеви со Молдавија.
На списокот на Андов се наоѓаат:
голмани: Берна Кабакчи, Викторија Панчурова и Кристина Павловска;
одбрана: Ана Милчевска, Елена Паневска, Павлинка Николовска, Христина Јошевска, Ихмете Лимани, Ане Бошевска и Кристина Мојсовска;
среден ред: Радица Велкова, Наташа Андонова, Ленче Андреевска, Маријана Нацева. Симона Мајер, Александра Марковска, Хава Мустафа и Едина Мехмеди;
напад: Лора Сулејмани, Јилза Максути, Афродита Салихи и Веса Села.
Натпреварите со Молдавија (31 мај во Скопје и 4 јуни во Кишињев) се во рамките на групата 2 од лигата Ц во квалификациите за пласман на Европско првенство 2025.