Семејна трагедија го потресе градот Сандански, но и цела Бугарија, јавуваат бугарски медиуми.

Мајка си ги заклала своите две деца во нивниот семеен дом во Сандански. Децата се на возраст од 3 и 5 години.

Грозоморното убиство се случило вчера попладне околу 17.30 часот.

Во полицијата за двојното убиството на братот и сестрата, се задржани таткото и мајката на жртвите. За случајот е покрената истрага, а медиумите неофицијално дознаваат дека двојката се разведувала.

Мајката долго време била без работа, а неодамна почнала да работи како благајник во училиште.

Наводно таа долго време била жртва на семејно насилство од сопругот кој работел како шумар.