Петгодишно девојче вчера се удави во водите на Маркова Река.
-На 10 април 2019 во 15.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на стариот пат за село Батинци, Скопско, петгодишно девојче, додека играло со други деца, а нејзините родители присуствувале на свадба, паднало во Маркова Река. Лекар од ИМП констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на семејството.