Џорџ и Амал Клуни, кои се познати како великодушни ѕвезди, уште еднаш го докажаа тоа. Семејството донираше 100.000 долари во Младинскиот центар за правата на децата-имигранти.
– По некое време нашите деца ќе нѐ прашаат дали тоа е вистина, дали нашата земја навистина ги раздвојува децата од родителите и ги става во имигрантски центри. И кога ќе им одговориме дека тоа навистина е така, тие ќе нѐ прашаат што сме направиле ние по прашањето, што сме кажале, за што сме се залагале. Ние не можеме да ја промениме политиката на администрацијата, но може да помогнеме за заштита на нејзините жртви, се вели во заедничката изјава на двојката.
Околу 2.300 деца се одвоени досега од нивните родители, а админстрацијата на САД објави дека оваа практика ќе биде прекината.