Ивана Кнол, најзгодната хрватска навивачка, вечерва ќе ги бодри „коцкестите“ на натпреварот против Аргентина. Згодната Ивана додека минуваше низ главното шеталиште во Нижни Новгород, од секој втор Аргентинец беше замолувана за заедничка фотографија, објави Вечерњи.хр.

– Доста добро го познавам фудбалот, порано бев голманка. Родена сум во Франкфурт, моите родители се од Херцеговина, вели таа.

Ивана студира и ја следи хрватската репрезентација.

– Хоби ми е стомачен танц и танц на шипка. Не танцувам за пари, туку за свое задоволство, додава Ивана.

Таа им порача на хрватските репрезентативци:

– Велат дека Меси е од друга планета, па вечерва нека остане таму, додава Хрватката.