Премиерот Христијан Мицкоски со своето семејство денес го прославува именденот и роденденот на неговиот помал син Антониј.

Членовите на семејството Мицкоски денес беа во црква каде запалија свеќи за здравје, а носеа и погача, како што налага обичајот.

-Среќен именден и роденден синко! Напомош нека е денешниот празник Св. Антониј Велики. Жалам што не бев присутен кај бато, на Св. Јован и што понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија. Да бидете со бато секогаш сложни, здрави и среќни и тогаш знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

Тој порача: „Бог да ја благослови Македонија“!