Семејството Рокфелер донираше 200 милиони долари во Музејот на современа уметност во Њујорк, соопшти ја од музејот.
Таа е една од најголемите суми што некогаш му била донирана на музејот,
Дејвид Рокфелер, кој почина во 2017 година, донирал 100 милиони долари на оваа институција, како и слики од мајстори како Гоген, Матис, Пикасо и Сезан. Освен тоа фамилијата Рокфелер му даде на музејот дел од 832 милиони долари приходи од историската продажба на колекцијата на Дејвид и Пеги Рокфелер.
Презимето Рокфелер е поврзана со Њујоршкиот музеј на модерна уметност, кој е основан од мајката на Дејвид и сопруга на Џон Рокфелер Џуниор, Аби, со поддршка на други две љубителки на уметноста од високото општество. Иако посветува многу време и енергија на спроведувањето на проектот, Аби Рокфелер нема финансиски придонес, бидејќи нејзиниот сопруг не сакал модерно сликарство и одбивал да одвои средства за музејот.
Проширувањето на музејот наскоро ќе биде завршено.
Во 2016 година добил донација од 100 милиони долари од американскиот продуцент Дејвид Гефен.